Синер избори полуфинале на Вимблдон

Лондон – Најдобриот светски тенисер без многу проблеми стигна до полуфиналето на Вимблдон. Тој во денешеното четвртфинале го победи Американецот Бен Шелтон со 3:0 во сетови (7:6(2); 6:4 и 6:4) и се избори за своето второ полуфинале на Вимблдон.
Неизвесност имаше само во првиот сет, кој Синер го доби во тај брејкот со 7:2 на поени, иако Шелтон водеше со 2:0, но тоа не беше пречка за Синер кој успеа да направи серија од седум поени. Во следните два сета италијанскиот тенисер имаше по еден брејк и тоа на идентичен начин во 10.тиот гем за да ги добие двата сета со 6:4 во гемови.
Победа во три сета покажува дека повредата од осминафиналето од понеделникот е веќе минато за Јаник Синер.
Синер во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Новак Ѓоковиќ и Флавио Коболи.