Симпозиум посветен на безбедноста на лифтовите


Илустрација

Македонското здружение за лифтови во соработка со здруженијата од Хрватска и Бугарија денеска и утре во Скопје организира трет симпозиум посветен на безбедноста на лифтовите.

Здружението информира дека пријавени се учесници од 13 земји од регионот и пошироко, а главна тема на настанот е „Безбедноста на лифтовите во сеизмички услови“.

-Овојпат темата за лифтовите во сеизмички области е посебна, а поводот е 60-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, соопшти Македонското здружение за лифтови.