Силно се заложи за преговори со Северна Македонија: Кој е Александар Шаленберг кој ќе го наследи Себастијан Курц

Австрискиот канцелар Себастијан Курц вчера поднесе оставка, а нов канцелар ќе биде Александар Шаленберг. Шаленберг е министер за надворешни работи во владата на канцеларот Себастијан Курц од 2019 година, а тој влезе во дипломатската служба пред повеќе од 20 години, пренесува Блиц.

Во претходната влада под канцеларот Курц, тој беше на чело на одделот за ЕУ при кабинетот на канцеларот. Шаленберг е роден во Берн во 1969 година, како син на австрискиот амбасадор во Швајцарија, кој подоцна стана генерален секретар на Министерството за надворешни работи, Волфганг Шаленберг.
Тој израснал во Индија, Шпанија и Франција, а студирал право во Виена и Париз, како и европско право во Белгија. Тој, исто така, ја презеде својата прва работа во дипломатската служба во Белгија, во австриската мисија во ЕУ во Брисел, каде што ја предводеше правната служба пет години.

Кога се вратил во Австрија, станал портпарол на тогашниот шеф на дипломатијата, Урсула Пласник, а потоа и на нејзиниот наследник, Михаел Шпинделегер, и се стекнал со „име“ на таа позиција. Кога Курц ја презеде функцијата шеф на дипломатијата, тој беше унапреден во шеф на секторот за стратешко планирање на надворешната политика. Откако Курц ја презеде владата, тој започна да работи во неговиот кабинет.

Шаленберг, дури и во преодната влада, продолжи со курсот на Курц по прашањето за проширувањето на ЕУ. Тој продолжи да силно да го поддржува во рамки на ЕУ проширувањето на Унијата кон Западен Балкан и е еден од министрите кои отворено се спротивставија на одбивањето да започнат преговори за пристап со Албанија и Северна Македонија.

На 3 јуни 2019 година, Шаленберг ја наследи Карин Кнајсел како министер за надворешни работи на Австрија. Тој ја задржа својата позиција во вториот кабинет на Себастијан Курц.

Разведен е и е татко на четири деца.