Силно невреме со град во Скопје, има и штети (фото, видео)

Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Граѓани јавуваат за одлетани покриви, паднат билборд кај Три бисери, паднато дрво во Топаанско поле... 


Фото: Б. Грданоски

Невреме проследено со пороен дожд, град, грмотевици и ветер попладнево го зафати Скопје.

Силниот дожд и градот го отежнуваат движењето по улиците чии коловози се под вода. Граѓани јавуваат за поплавување на улици, подвозници, куќи и дворови, како и за одлетани покриви, за паднат билборд кај Три бисери, паднато дрво во Топаанско поле… 

УХМР најави дека нестабилното време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до петок, особено во попладенвните часови. Локално ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силен ветер и услови за појава на град.

Од ЦУК информираат дека освен Скопје, од невреме попладнево се зафатени и Штип, Велес, Демир Хисар, Свети Николе.
 

(Фото и видео: Независен.мк)