Силно невреме го зафати Букурешт: Ветрот корнеше дрвја, носеше покриви (Видео)


Силно невреме пропратено со бурни ветрови и град вчера ја зафати Романија. Невремето предизвика голема материјална штета во Букурешт.

Според медиумите, невремето за само 30 минути создало тотален хаос, а бурниот ветер корнел дрвја и кршел гранки, а во невремето биле оштетени и бројни автомобили.

 

Ветерот носел и покриви на станбени згради.

Силното невреме не ги заобиколи ниту околните градови. Засега нема информации за штети.