(Видео) Силни ветрови во Кина фрлаа луѓе во воздух


Во саботата, на 11 јуни, градот Јичанг во провинцијата Хубеи го зафати силно невреме и силен ветер. На видеата што се појавија на социјалните мрежи, се гледа како ветрот ја откорнува надворешната тенда на ресторан во округот Јилинг, пишува Dimsum Daily.

Вработените се обиделе да се држат за столбовите од настрешницата за да не ги однесе ветрот, но потоа налетот на ветерот некои од нив ги подигнал неколку метри во воздух заедно со настрешницата.

Еден вработен ветрот го фрлил на покривот на ресторанот. Во неделата Канцеларијата за итни случаи на округот Јилинг потврди дека сите повредени се пренесени во болница и дека повредите се полесни.