Сиљановска: Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина
Претседателката на државата, Гордана Сиљановска Давкова преку „Твитер“ испрати порака со поддршка до Босна и Херцеговина, по катастрофалните поплави што ја зафатија земјата, во кои досега загинаа повеќе од 20 луѓе.
„Моето срце е со луѓето во Босна и Херцеговина погодени од разорните поплави. Размислувајќи за погодените семејствата и надевајќи се на сила и брзо закрепнување за целата заедница. Останете силни“, напиша Сиљановска Давкова.
My heart goes out to the people of Bosnia and Herzegovina affected by the devastating floods. Thinking of the families impacted and hoping for strength and swift recovery for the entire community. Stay strong. #BosniaFloods #StaySafe
— Гордана Сиљановска Давкова (Gordana Siljanovska) (@gogamkd) October 4, 2024