Силјановска: Крајно време е да се преиспита пресудата за 27 април

Според неа профилот на политичарите е многу важен, ова што се случува во Бугарија е поврзано и со нас, но и нашиот однос кон соседите.
– Ние се покажавме како држава која нема себепочит, ако секое барање однадвор поминувало со поддршка од надвор се покажува дека Бугарија сега е дел од фамилијата, а фамилијата си ги штити децата – укажува Силјановска.
Говорејќи за актуелната тема за промена на Уставот поради внесување на Бугарите во истиот, таа вели, нема да гласа.
– Уставот е највисок правен акт и е општествена повелба. Секоја власт има мандат само за она со што излегла на избори, оваа власт не го кажала тоа пред граѓаните. Тоа мора да се каже пред граѓаните, а не е кажано. Тоа го нема ниту во Договорот со Бугарија, значи се почитуваат правата на сите граѓани. Едноставно е, се знае од каде доаѓа иницијатива за промена на Уставот, иницијатива за промена на Уставот не може да доаѓа од надвор – рече Силјановска.
Таа е категорична дека „оваа власт е нелегитимна, премиерот си замина, најголемиот дел од министрите не биле на избори, затоа се потребни избори”.
Во однос на предлог законот за амнестија, Силјановска вели дека крајно време е да се преиспита квалификацијата за она што се случуваше на 27 април.
– Во битието на ова дело има нешто погрешно, тероризам не може никако да се препознае – посочи Силјановска.