Сиљановска изненадена од оставката на Таравари


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова  е изненадена од одлуката на Арбен Таравари да ја напушти Владата и да поднесе оставка од функцијата министер за здравство.
 
„Не го разбирам овој потег. Сите менуваме ставови, но кога не знаете кој е ставот и зошто, тоа е необично“ рече таа во интервју на „Топ Тема“.
 
Таравари до неодамна зборувал со голем ентузијазам за реформите во здравството и покажувал страст за решавање на проблемите, особено по трагедијата во Кочани.
 

Во истото интервју, Сиљановска-Давкова најави дека предлогот за нов гувернер на Народна банка ќе го поднесе во понеделник наутро.