Сиљановска и Милатовиќ на Правниот факултет, а за професорите тој е забранета зона, тврди СДСМ


Фото: Б. Грданоски

 

Денеска на Правниот факултет во Скопје се одржува заедничко предавање на претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Поради овој настан за прфесорите што предаваат таму факултетот стана забранета зона, тврди СДСМ.

„На македонските професори од Правниот факултет во Скопје МВР им оневозможи пристап на своите работни места, им забрани да влезат и на паркингот на Универзитетот, наводно поради безбедносни причини.

Ова е повреда на автономијата на Универзитетот, чекори кои ги преземаат само авторитарни режими.Од кого се плаши власта? Од професорите? Од студентите? Од граѓаните?

Професорите ли се закана за безбедноста на Сиљановска?

Досега на Правниот факултет присуствувале бројни носители на највисоките државни функции но вакво нешто не се случило.

Дали поради настаните во Србија и владата на Мицкоски е во параноја или ги спроведува истите тактики како нивната сестринска партија СНС“, се вели во соопштението на СДСМ.