Сиљановска гледа исчекор со ЕУ, и без преговори ќе ни се отворат три кластери
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2025/02/Siljanovska-Davkova.jpg)
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека има исчекор и гледа можност за деблокирање на македонскиот евроинтеграциски процес, кој не зависи само од Македонија.
„Процесот не зависи само од нас, зашто ние покажавме невидена и нечуена кооперативност кога е во прашање нашата евроинтеграција. Мислам дека треба да се разговара, да се преговара“, вели претседателката.
Според нејзините сознанија – има исчекор.
„Ново е што групата за пријатели на Западен Балкан е активна и има креативни предлози, во смисла дека би можел да ни се отвори патот за кластерите 2, 3 и 4“, изјави претседателката во изјава за новинарите, по настанот „Глобален женски појадок 2025“ што го организираше Сојузот на хемичарите и технолозите на Македонија.
Според Сиљановска-Давкова, процесот не зависи само од земјата која покажа невидена и нечуена кооперативност во однос на евроинтеграцијата. Потребно е време, но и добра волја, како и манифестирање добрососедство, вели таа.
Претседателката потсети дека неодамна во Аушвиц се сретнала со претседателот на Бугарија, Румен Радев.
„Меѓу нас има пријателски дијалог, разбирање, Очекувам во директните средби да се разговара за можните решенија“, вели таа.
Она што е ново и инспиративно, според неа, е што групата за пријатели на Западен Балкан е активна.
„Јас знам дека има креативни предлози, во смисла дека би можело да ни се отвори патот за кластерите 2, 3 и 4. Знаете дека склучивме Договор за заедничката меѓународна и безбедносна политика. Впрочем, иако не сме членка на ЕУ имаме целосно усогласена заедничка надворешна и безбедносна политика и мислам дека треба време, добра волја и манифестирање добрососедство. Во добрососедството не можам да препознаам механизми како ветото и сличните закани“, рече Сиљановска-Давкова, одговорајќи на новинарско прашање во врска со објавата на Еурактив, дека Бугарија останува на ставот за промена на Уставот како дел од преговарачката рамка.
Премиерот Христијан Мицкоски и натаму изјавува дека не се менува позицијата во однос на спорот со Бугарија и дека чека соговорник од Бугарија што ќе го прифати тоа. од дипломатски избори пак се изџраљзува загриженост дека Владата не прави ништо да се одблокираат преговорите и дека освен што се зборува нема никаква конкретна акција. Се најавува дека во наредниот период високи функционери на ЕУ ќе дојдат во Македонија, иако вчера на средбата на ЕУ, пријателите на Западен Балкан и министрите од регионот бевме преставени на ниво на заменик министер за надворешни работи.