Сиљановска во Ватикан по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска ќе престојува во посета на Италијанската Република и на Ватикан и ќе ја предводи македонската државно-црковна делегација по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“.
Сиљановска-Давкова денеска ќе присуствува на молебенот во чест на Свети Кирил во базиликата „Сан Клементе“.
Утре, претседателката ќе ја посети базиликата „Санта Марија Маџоре“, каде што ќе положи венец на спомен-плочата на македонски јазик во чест на делото на Светите браќа Кирил и Методиј и ќе го посети гробот на папата Франциско.
Вечерта, во рамки на манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствува на концертот „Македонисимо“ на Симон Трпчески, настан во организација на македонското Министерство за култура.
В понеделник, во Апостолската палата, претседателката ќе има аудиенција кај поглаварот на Римокатоличката црква, папата Лав IV и ќе оствари средба со државниот секретар на Светиот Престол, кардиналот Пјетро Паролин.
Сиљановска-Давкова потоа во Рим ќе има билатерална средба со претседателот на Италијанската Република, Серџо Матарела.
Во составот на македонската државно-црковна делегација што ќе ја предводи претседателката Сиљановска-Давкова, се и министерот за култура и туризам Зоран Љутков, државниот секретар во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија Елена Кузмановска-Биондиќ митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф…