Силите предводени од Русија почнаа да се повлекуваат од Казахстан

Силите предводени од Русија почнаа во четвртокот да се повлекуваат од Казахстан каде беа распоредени за да го поддржат режимот на власт, соочен со нереди какви што не се видени, објави руското министерство за одбрана.
На свеченоста во Алмати се собраа војниците на Организацијата на договор за заедничка сигурност, сојуз што го предводи Москва.
Задачите се исполнети
„Операцијата за одржување на мирот е завршена, задачите исполнети“, рече по тој повод рускиот генерал Андреј Серџуков, наредник на сојузот кој собра повеќе од 2.000 руски, белоруски, ерменски, таџикистаснки и киргистански војници. Тое се пратени во поранешната советска република на 6 јануари.
Повлекувањето треба да заврши за 10 дена, објави казахстанскиот претседател Касим Џомарт Тојакев и сојузот предводен од русија.
Казахстан минатата недела беше погоден со насилство какво не е видено од неговото осамостојување во 1991 година.
Во немирите загинаа повеќе десетици луѓе, а стотици беа ранети, што доведе до распоредување на кионтингент на силите предводени од Русија и до апсење на 12.000 луѓе. Властите, нередите насилството кои избија поради зголемување на цените на горивото, ги нарекоа терористички.