Силен земјотрес во турската провинција Анталија

Турција– Земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер денеска ја погоди турската крајбрежна провинција Анталија, соопшти Опсерваторијата Канадили.

Епицентарот на потресот бил на длабочина од 93,3 километри.

Турските медиуми јавуваат дека земјотресот бил почувствуван во Анталија и соседните провинции.

Засега нема информации за жртви или штети.