Силен земјотрес во Франција, има повредени


Најмалку четири лица се повредени во земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала, кој го потресе југот на Франција, јави францускиот дневник „Фигаро“.

Весникот наведува дека причинета е и материјална штета.

Земјотресот се случи во регионот Дром, меѓу Лион и Марсеј, околу пладне, со епицентар кај градот Монтелимар, пренесе АП.