Силен ветар остави без струја неколку населени места во Косово
Компанијата за дистрибуција на електрична енергија во Косово (КЕДС) објави дека силниот ветар кој дува во земјата предизвика дефекти на нивните мрежи во повеќе населени места во оштините Урошевац, Митровица и Гњилне, јави дописникот на МИА од Приштина.
Силниот ветар предизвика 11 дефекти во регионот на Урошевац, три во Митовица и два во Гњилане, при што без струја останаа голем дел од граѓаните во тие области.
Екипи на КЕДС се излезени на местата каде што се случиле дефектите и работат на нивно санирање.