Сијарто згрозен од НАТО, не од Русија!


Петер Сијарто

Министерот за надворешни работи на Унгарија, Петер Сијарто соопшти дека одделни лидери на НАТО сакаат Украина да ја продолжи војната против Русија „не само до последниот војник, туку и до последниот млад човек“.

По денешниот состанок на НАТО зад затворени врати во Брисел, тој изјави дека барањата на Алијансата Украина да го намали старосниот праг за нови регрути се „шокантни и крајно опасни“.

„Наместо да се намали старосната граница за регрутација, транспорт на оружје и обука, треба да се зборува за мир, прекин на огнот и преговори“, напиша Сијарто на Фејсбук.

Тој претходно изјави дека меѓународната заедница мора да преземе мерки против прогонот на христијаните на Блискиот Исток, со оглед на влошената ситуација во Либан и Сирија.

„Унгарија продолжува да ги поддржува христијанските заедници во Либан и ги одржуваме нашите програми за обновување на христијанските цркви, помош на христијанските заедници и функционирање на христијанските институции“, рече Сијарто.