Си-Ен-Ен: Бајден ја зголеми предноста во Невада за 3.500 гласа
САД – Демократскиот кандидат за претседател Џо Бајден ја зголеми предноста во Невада пред ривалот Доналд Трамп за околу 3.500 гласови, јавуваат американските медиуми.
Во примерок од над 87 проценти преброени гласови, Бајден има околу 49,5 проценти од гласовите, а Трамп има околу 48,5 проценти.
Според Си-Ен-Ен, Бајден ја зголеми разликата и има повеќе од 11.000 гласови во однос на Трамп, а при претходниот пресек, таа разлика беше 7.647.
Невада носи шест изборни гласа, а Бајден сега има 264, додека Трамп има 214 гласа.
Победник на изборите ќе биде кандидатот кој прв ќе добие 270 изборни гласови.
2020-11-05 19:42:08, од Пандорка Арсовска-Гацова