Шведска протера руски дипломати
Шведските власти прогласија за персона нон грата петмина руски дипломати, изјави денеска шведскиот министер за надворешни работи Тобијас Билстром.
„Шведска протерува пет руски дипломати“, рече Билстрем во интервју за СВТ.
Министерството за надворешни работи на Шведска го повикало рускиот амбасадор Виктор Татаринцев и го информирал за ваквата одлука, пренесува Интерфакс.
Според Билстром, Стокхолм донел таква одлука поради постапките на дипломатите кои се „некомпатибилни со Виенската конвенција за дипломатски односи“.
Министерството за надворешни работи на Норвешка на 13 април прогласи персона нон грата 15 вработени во руската амбасада поради сомневање дека се занимаваат со шпионажа.