Шведска гради нови нуклеарни реактори


 

Шведскиот премиер Улф Кристерсон рече дека на парламентот ќе му го претстави новиот закон кој би овозможил изградба на нови нукеларни реактори.

Кристенсон, на конференција за новинарите, изјави дека целта им е да го зголемат производството на електрична енергија и да ја зајакнат енергетската сигурност, пренесе „Анадолија“.

„Да подготвиме закони кои ќе овозможат изградба на нуклеарни реактори на повеќе места. Овој закон ќе го претставам во парламентот следните денови“, рече тој.

Рече дека законот, за кој вели дека е отворен за консултации, ќе стапи во сила во март 2024 година.