Шведска ги укинува рестриктивните мерки за повозрасните луѓе
Шведската Влада денеска соопшти дека повозрасните граѓани во земјата не мора повеќе да се изолираат. Таквата одлука е донесена поради ниската стапка на заразени со Ковид-19 во споредба со пролетта и се поголемото штетно влијание на изолацијата врз менталното здравје.
Шведската Агенцијата за јавно здравје соопшти дека во земјата нема докази за втор бран на новиот коронавирус.
Шведската министерказаздравство Лена Халенгрен изјави дека Агенцијата за јавно здравје одлучила за повозразните и лицата од посебните ризични групи да важат истите препораки како и за другите граѓани – да избегнуваатголеми собири, да остана дома на првиот симптом на болеста и да одржуваат физичка дистанца. Досега на лицата над 70 години им бешесоветувано да избегнуваатфизички контакти и јавен превоз, да не одат во продавници и на други јавни места.
Иако во Шведска изминатите недели се зголеми бројот на новозаразени лица, сепак тој е многу помал во однос на бројот на жители во споредба со другите европски држави, каде секојдневно се уриваат рекорди.
Во Шведска регистрирани се вкупно околу 107.000 пациенти и приближно 5.900 смртни случаи. Вчера се забележани 975 новозаболени со Ковид-19 и седуммина починати, што е многу помала бројка од врвот на епидемијата во пролетта.