Швајцарскиот производител на чоколади „Линд“ ја напушта Русија
Швајцарскиот производител на чоколади „Линд“ (Lindt & Springli) соопшти дека одлучил да го напушти рускиот пазар поради инвазијата на Украина.
Компанијата, позната по чоколадните топчиња Линдор и велигденските чоколадни зајачиња завиткани во златна фолија, во март одлучи привремено да ги затвори продавниците и да ги прекине пратките во Русија, пренесува Ројтерс.
„По објавувањето на 9 март 2022 година, групацијата Lindt & Springli одлучи да излезе од рускиот пазар“, соопшти денеска компанијата, додавајќи дека „ќе ги поддржува вработените во Русија и ќе дејствува во согласност со локалните (руски) регулативи“.