Швајцарија: Работната недела да се зголеми до 64 часа


Во Парламентот на Швајцарија се дебатира работната недела наместо 45 часа, како досега, да се зголеми на 64 часа, но тоа да важи за одредени професии. Според анкетите, за  повеќето граѓани на Швајцарија, работната недела со максимум 45 часа работа е нешто нормално.

 

Промените во трудовото законодавство предложени во Парламентот предизвикаа остра контрадикторност. Минатиот месец, економскиот совет на кантоните се произнесе во полза на олеснување на правилата за работното време за одредени кадри и квалификувани работници.

Според предлогот, максимално дозволеното годишно работно време нема да се зголеми, но ќе биде распределено пофлексибилно во текот на целата година.

Идејата, сепак, не им се допадна на синдикатите, кои се заканија дека ќе покренат референдум за ова прашање.

Според Државниот секретаријат за економски прашања на Швајцарија, максимално дозволеното работно време на ден е 12,5 часа, но само во итни случаи.  А неделното работно време, може да се зголеми до 50 часа под одредени услови.