Швајцарија најдобра дестинација за живот за странци
Лани на таа листа Швајцарија беше на осмата позиција.
Според анализата, просечната плата во таа држава е 111.587 долари и е за 47 отсто над просечната во останатите 33 држави што ги имале предвид во истражувањето.
Седуммина од десет странци велат дека приходите им се зголемиле значително по преселување во Швајцарија.
По Швајцарија следуваат Сингапур, Канада, Шпанија, Нов Зеланд и Австралија.
Турција на таа листа има најголем „скок“ – од 22. на седмо место, пред се поради отвореното и гостопримливо општество во таа држава.
Велика Британија падна до 27-то место од 10-то и Шведска, која минатата година беше седма, сега е на 20-то место.