Шукова со автобус на ЈСП се вози на работа


Фото: Б. Грданоски

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од опозициската СДСМ, Каја Шукова секој ден со автобус на ЈСП се вози на работа, па тврди дека ќе се зафати со овој проблем штом седне во функионерската фотелја. 

Планира во својата предизборна кампања да го возобнови предлогот за БРТ систем, предлог на поранешниот градоначалник Петре Шилегов, кој исто така, доаѓаше од оваа партија. 

Шукова смета дека тој систем е добар, но би требало да претрпи мали измени, а се предвидуваат две трансферзали во Скопје, кои би ги поврзало сите страни на градот.

Во тема на денот на Сител, рече дека се вози со автобус секој ден на работа и знае каква е состојбата и тоа воопшто не доликува за жителите на главниот град. 

– Автобуси без климатизација се недозволиви, а тука е и ветувањето за нови еколошки авотбуси, кои мора да ги испорачаме – смета Шукова.