Штрајкуваат вработените во погребалното во Мадрид, бараат повеќе персонал поради пандемијата


Вработените во погребалната служба во Мадрид почнаа денеска со 24-часовен штрајк со барање за поголем број вработени за да се подготват со очекуваниот пораст на смртните случаи од коронавирусот во време на вториот бран на пандемијата.

Според локални медиуми, се штрајкува на влезот на гробиштата Карабанчел во јужен Мадрид на Денот на сите светци, кога шпански семејства традиционално одат на гробишта за спомен на починатите.

Тие го повикаа градоначалникот на Мадрид, Хозе Луис Мартинез-Алмеида, да поднесе оставка и бараат вработување на најмалку 20-на нови луѓе.

За време на екот на почетокот на пандемијата кон крајот на март и април, за погреб во Мадрид се чекаше од пет до шест дена, а кремирањата требаше да бидат извршени во градовите стотици километри оддалечени поради недостаток на капацитет.

Во Мадрид има 14 гробишта, вклучувајќи го и оној кај Карабанчел, како и две мртовечници и два крематориума. Во моментов вработени се 478 лица. Вработените во септември организираа 24-часовен штрајк за истиот проблем.