Штрајкуваат вработените во Ајфеловата кула: „Кулата пропаѓа“


Вработените на Ајфеловата кула во Париз денеска ја напуштија работата во знак на протест поради неодржувањето на оваа светски позната туристичка атракција која годишно ја посетуваат седум милиони туристи, но тие денеска не можеа да го посетат ова обележје и ќе бидат лишени од погледот на градот на светлината од врвот на кулата.

Вработените тврдат дека Ајфеловата кула е запоставена и треба подобро да се управува, а приходот е преценет, а трошоците за одржување се потценети, пренесува Le Parisien.

„Почна да рѓосува“
Ајфеловата кула обично треба да се пребојува еднаш на секои седум години, а не била пребојувана цели 14 години и почнала да рѓосува, изјави синдикалниот претставник Денис Вавасори за France Info.

„Очигледно е дека кулата е во лоша состојба“, додаде Вавасори, а дури и вработените кои работат во компанијата за управување и одржување на „Железната дама“ веќе 30 години велат дека никогаш не ја виделе во полоша состојба.

Кулата, која се наоѓа во близина на Сена, била изградена за светската изложба во Париз во 1889 година.

Затворена Ајфеловата кула