Што ќе се гради во Ѓорче Петров со унгарските пари


Фото: Б. Грданоски

Денеска, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, со Министерството за транспорт и врски, потпиша договори за реализација на вкупно 21 проект за изградба, реконструкција и уредување на улици, патишта и јавни површини со вкупна вредност од над 280.000.000 денари, сподели градоначалникот Александар Стојкоски.

Ќе се реконструираат улици и краци во Хром, Волково, Орман, Кисела Јабука, Кучково, Стопански Двор и Ново Село. Ќе се уредуваат пристапни патишта, ќе се поставува улично осветлување и ќе се гради нова јавна површина со плоштад и урбана опрема.

Како што информираше Стојкоски во објава на социјалните мрежи, проектите ги опфаќаат следниве локации:

1. Улица „5“ со краци и улица „7“ (кон с. Орман) и крак 3 на ул. „7“ во Волково;

2. Краци (десно) на ул. 100 во Волково;

3. Ул. 31 во Волково;

4. Краци на ул. 49 и ул. 95 во Волково;

5. Краци на ул. 81 во Волково;

6. Краци на ул. 33 во Волково и ул. 52 во Стопански Двор;

7. Краци на ул. 35, 37, 39, 41, 102 и 103 во Волково;

8. Ул. „20“, „84“ и „44“ со крак во Кисела Јабука;

9. Патот од с. Орман до с. Никиштане;

10. Крак на улица 1 во Ново Село;

11. Патишта и краци на улици во село Орман;

12. Краци на ул. 51 во Стопански Двор;

13. Улица кон Старо Буре – Кучково;

14. Улици во с. Кучково (кон црквите Св. Недела и Св. Петка);

15. Краци на ул. 1 во Ново Село;

16. Локален пат Орман – Волково – Кучково – граничен премин Чашка (делница Волково – Кучково);

17. Дел од ул. „95“ и краци на ул. „60“ во Волково;

18. Пат с. Орман – с. Никиштане (фаза: улично осветлување);

19. Ул. Воин Драшкоци;

20. Ул. 1 во Ново Село – ДУП СЗ 03, фаза I;

21. Основен проект за јавна површина со плоштад, пешачка патека и урбана опрема.

Проектите се одобрени во рамки на вториот јавен повик на Владата на Република Македонија за финансирање на инфраструктурни проекти на општините.

Стојковски нагласи дека ова е досега најобемниот развоен пакет за Ѓорче.