Што е „ransomware“, сајбер нападот на ФЗО


 

Поради сајбер-нападот, веќе десетина дена е оневозможено нормалното функционирање на системот на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) па хартиените обрасци се вратени во функција. Вчера премиерот Димитар Ковачевски информира дека станува збор за хакерски напад при што се бара откуп за враќање назад на добиените податоци. „Се работи за напад со ‘ransomware’. Тоа е дел од хибридната војна која се води моментално во Европа, покрај класичната војна што се води во Украина со нападот од Русија. На вакви напади беа изложени голем број институции во голем број држави особено членките на НАТО. Имаше сајбер напади во Албанија и Црна Гора. Моментално тимовите на Министерството за здравство и ФЗОМ и други институции работат со експерти од Германија и од други партнерски држави за да се реши проблемот“, рече Ковачевски.

За тоа што значи софтверот „ransomware“, за „Локално“ зборува експертот за сајбер безбедност, Сенад Аруч кој вели дека ваквите напади се многу голема проблематика во светот и потекнува од 2012 година, кога првпат беа видени јавно.

„На времето хакери беа повеќе определени кон кражба на кредитни картички, но е комплициран процес и помалку го прават, па се упатија кон ‘ransomware’. Пробиваат и ги заклулуваат податоците што ги имаат. Не ги вадат или крадат, туку само ги енкриптираат и со приватни клучеви и после ти бараат пари ако сакаш да ги добиеш податоците назад. Ви даваат 24 часа за плаќање и после тоа цената оди нагоре“, вели Аруч.

За 2022 година статистички се регистрирани околу 236 милиони напади со „ransomware “ низ целиот свет. Според Аруч во 2021 46% од компаниите што биле нападнати платиле откуп за да ги вратат податоците назад.

Целиот текст на овој линк.