Што да очекуваме од модата на Оскарите 2025?
Зошто црвениот килим на најголемата филмска ноќ е и најважна модна писта во светот ?

Големи филмови. Големи ѕвезди. Висока мода. Кога ѕвездите ќе продефилираат на црвениот килим на доделувањето на „Оскарите“, тоа не само што ќе биде најголемата ноќ во Холивуд, туку и најголемата ноќ за славните дизајнери.
„’Оскарите’ се најголемата модна ревија на планетата“, изјави дизајнерот Марк Бауер.

За разлика од затворените ревии, „Оскарите“ се прикажуваат во живо низ целиот свет и имаат милионска публика. Фотографии и видеоснимки од славни личности ги преплавуваат весниците, списанијата и интернетот.

„Доколку носите светли бои, ќе изгледате убаво на фотографиите“, изјави дизајнерот Дејвид Мејстер. „Оваа година актерките треба да покажат малку сексапил, да покажат малку кожа: деколте или гол грб“, смета тој.
Според модниот дизајнер Ален Б. Швац, фустанот може дополнителни да истакне некоја ѕвезда, меѓутоа, ѕвездата не може да го направи фустанот поубав.

„Грд фустан ќе стои грдо на кој било“, додаде тој.