Што бара Николоски на самит на ЕУ, а Муцунски седи дома?


Министерот за транспорт Александар Николоски е дел од делегацијата на премиерот Христијан Мицкоски денес во Тирана, каде што се одржува самит на Европската политичка заедница – нова форма на политички дијалог на ЕУ со земјите кандидати и земјите од нејзиното соседство. Прашањето е – што бараше Николоски на политички самит на кој се расправа за Украина , а шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски седи дома и прима министерка во посета, кога сигурно знаел многу одамна дека денес има самит во Тирана.

Оваа импровизација во надворешната политика е најдобра потврда зошто Македонија е светлосни години назад од ЕУ, додека Албанија со леснотија чекори со голема брзина напред.