Штербик ја заврши кариерата поради корона вирусот

Легендарниот ракометен голман Арпад Штербик одлучи да ја заврши професионалната кариера.
Некогашниот чувар на мрежата на СР Југославија, а потоа и на селекцијата на Шпанија, на овој потег се одлучи поради пандемијата од корона вирусот.
Сите спортски наптревари се прекинати и се уште не се знае кога ќе продолжат.
„Оваа одлука е многу тешка за мене. Искрено ми беше тешко повторно да се активиран и да бранам по долгата пауза. Ми се чини дека дуелот со Татабања е последниот кој го одиграв во кариерата. Жал ми е што нема да бидам во можност да одиграм уште еден фајнал-фор од Лигата на жампиони. Сакав да потрчам по уште една титула европски првак“, рече Штербик.
Штербик во кариерата бранеше за Југовиќ, Веспрем, Сиудад Реал, Атлетико, Мадрид, Барселона и Вардар.
Штербик (41) во 2005 година е прогласен за најдобар ракометар на светот.