„Штедливата четворка“ цврсто против економскиот план на Меркел и Макрон
Четири држави од ЕУ, кои се нарекуваат „Штедлива четворка“ денеска го претставија својот предлог за закрепнување на економијата по коронавирусот и повторно ги отфрлија сите заеднички инструменти за регулирање долгови.
Групата, во која членуваат Австрија, Холандија, Данска и Шведска, бара итна помош за сериозно погодените земји во форма на еднократни заеми, кои мора да бидат договорени во рок од две години, се наведува во предлогот објавен од канцеларијата на австрискиот канцелар Себастијан Курц.
Покрај тоа, заемот треба биде „насочен на активности што придонесуваат најмногу за закрепнување, како што се истражување и иновации, зголемена одржливост во здравствениот сектор и обезбедување зелена транзиција“, се вели во предлогот.
Претходно оваа недела, францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка Ангела Меркел предложија фонд од 500 милијарди евра за заживување на уништената економија во Европа поради пандемијата на Ковид-19.
Фактот дека Германија потпиша заеднички план за долг се смета за историска пресвртна точка за Европската унија.
Но, таканаречената „Штедлива четворка“ продолжува да инсистира на тоа дека не треба да има „реципроцитет на долг“ – процес за кој велат тие ќе им овозможи на помалку дисциплинирани и послаби економии на ЕУ да имаат неоправдано корист од поевтиното финансирање. на грбот на своите партнери од посилниот север на Европската унија.
Во предлогот се вели дека поддршката за економско закрепнување мора да биде придружена со „силна посветеност на реформите и фискална рамка“ – клучна обврска за земјите приматели.
Четирите земји, исто така, велат дека ќе биде неопходно да се „заштитат трошоците од измама“ преку тесно вклучување на европските обвинители и антикорупциски службеници.
Предлогот ја отфрла можноста за какво било „значително зголемување“ во буџетот на ЕУ, како што е предвидено во планот на Макрон-Меркел за финансирање на програмата за обновување.