Шпанскиот крал во изолација по контакт со заболен од Ковид-19
Шпанскиот крал Фелипе Шести (52) од вчера влезе во десетдневен карантин, откако бил во близок контакт со лице заразено со корона вирусот, соопшти кралското семејство.
Британските медиуми јавуваат дека кралот ги откажал сите јавни собири за време на карантинот, иако вчера присуствуваше на научен состанок во Мадрид.
Кралицата Летиција и нејзините две ќерки ќе продолжат со планираната кралска програма, додаваат извори од кралското семејество.
Шпанија од почетокот на пандемијата регистрира 1,58 милиони случаи на коронавирус, а 43.131 лица досега го загубија животот од болеста.