Шпанија се спрема Ковид-19 да го следи како грип

Шпанската влада работи на прописи со кои би се ограничила малопродажната цена на антигенски тестови на Ковид-19, изјави денеска премиерот Педро Санчез, откако во декември многу аптеки останаа без клучниот алат во борбата против заразата.
поради зголемените цени на антигенски тестови во Шпанија на врвот на овој бран од заразата со омикрон и немањето тестови во аптеките протестираа опозициските политичари и потрошувачките групи и многумина бараат нивната продажба да се овозможи и во супермаркетите.
Се разгледуваат можностите Ковид да се следи како грипот
„Пред и по Божиќ расправавме за снабдувањето со тестови, се појавија тесни грла3, рече Санчез во интервју на радио. „Сега ќе се позанимаваме со контрола на цената на тестовите. можеби дојде време да воведеме други параметри за следење на пандемијата“, рече Санчез укажувајќи на намалената смртснот поради Ковид-19.
Тој за „Ел паис“ потврди дека властите размислуваат Ковид да се следи слично како грипот, ѓто значи дека не би се регистрирал секој случај на заразата, ниту би се тестирале сите граѓани со симптоми.
Набавка на лек против корона
Шпанија овој месец ќе купи 344.000 дози од антивирусните таблети на „Фајзер“, најави Санчез.
„Паксловид“ е наменет за возрасните со благи до умерени симптоми на болеста и со висок ризик за влошување, а најделотворен е ако се зема на почетната фаза од болеста, пред хоспитализација.
Шпанија во 14 дена, од минатиот петок, забележа рекорден број од 2.723 случаи на зараза на 100.000 жители, десетпати повеќе од минатиот декември. Пополнетоста на болниците достигна 22,06 отсто, во однос на само осум потсто пред еден емсец.
Највисоко ниво достигна пред една година кога пополнетоста беше 43 отсто.