Шпанија им помага на младите: Субвенции од 250 евра месечно за кирија
Шпанската Влада планира да додели 250 евра месечно за млади луѓе со ниски приходи, со цел да им помогне да платат кирија, изјави денеска шпанскиот премиер Педро Санчез на еден настан во Севилја.
– Целта на таквиот потег е да им се помогне на младите луѓе на возраст од 18 до 35 години да станат независни и да се иселат од домовите на своите родители, истакна Санчез.
Новата помош е дел од буџетот за домување во износ од 2,25 милијарди евра.