Шпан: Германија би можела во декември да почне со вакцикнација
Германија– Германија може во декември да почне со вакцинирање на граѓаните против коронавирусот, соопшти германскиот министер за здравство Јенс Шпан.
-Има причина да се биде оптимист дека вакцината годинава ќе биде одобрена во Европа. И тогаш веднаш може да почнеме со вакцинирање, рече Шпан во интервју за германски РНД.
Британските медиуми пренесуваат дека тој од германските сојузни држави побарал до средината на декември да подготват центри за вакцинација.
-Повеќе би сакал центрите за вакцинација да бидат подготвени неколку дена порано отколку да имаме одобрена вакцина што не се користи веднаш, рече Шпан.
Министерот, исто така, посочи дека Германија преку Европската комисија,со билатерални договори и други опции, веќе обезбедила повеќе од 300 милиони дози на вакцината, и кажа дека ова е повеќе од доволно и дека дури остава простор за споделување на вакцината со други земји.