Шолц: Германија води добра финансиска политика и може да си дозволи пандемиски мерки

Министерот за финансии на Германија, Олаф Шолц посочи дека Германија може да си дозволи мерки за борба против пандемијата на корона вирусот.
– Можеме да издржиме долго, рече вицеканцеларот во врска со финансиите и мерката за затворање на државата, која е продолжена до крајот на јануари.
Во изјава за АРД, Шолц рече дека во Германија не е се целосно запрено, дека фабриките и голем број фирми сè уште работат.
Тој истакна дека Германија може финансиски да го издржи затворањето, затоа што спроведува добра економска и финансиска политика.