Шолц доаѓа во регионов да го поддржи почетокот на преговорите со Македонија и Албанија


 

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денескадека ќе отпатува за Западен Балкан пред да се одржи самитот на Европскиот совет следниот месец, носејќи ја пораката дека регионот припаѓа на Европската унија.

Шесте земји од Западен Балкан со аспирации за членство во ЕУ – Црна Гора, Србија, Албанија, Северна Македонија, Босна и Херцеговина и Косово – се вклучени во долгогодишниот реформски процес, изјави Шолц пред пратениците во Берлин во средата.

„Почитувањето на нашите обврски кон нив не е само прашање на нашиот кредибилитет. Денес, повеќе од кога било, нивната интеграција е и во наши стратешки интереси“, рече тој, укажувајќи на влијанието на „надворешните сили“ во регионот, вклучително и Русија. Шолц со тоа потврди дека Германија го поддржува отворањето на преговорите со Македонија и Албанија и дека главна пречка за ова во ЕУ останува Бугарија.

Шолц имаше излагање пред пратениците на Бундестагот околу учеството на вонредниот самит на ЕУ закажан за крајот на овој месец кој ќе биде посветен на Украина.

Инаку, во регионов од денеска е и препседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Турнејата ја почнува од Белград, каде ќе разговара со претседателот Александар Вучиќ.