Шок во Торонто: Елиминиран Алкараз 


Најдобриот светски тенисер Карлос Алкараз имаше многу слаба недела во Торонто на Роџерс купот. На претходниот меч се извлече од Хуберт Хуркач, но овој беше елиминиран од американскиот тенисер Томи Пол.

Карлос Алкараз го заврши учеството на Мастерсот во Торонто и тоа значи дека тенискиот свет ќе добие нов Мастерс шампион. Подобар од Алкараз беше Томи Пол, кој победи со резултат 2:1. 

Во сетови беше 6:3, 4:6, 6:3.

Натпреварот траеше два часа и 21 минута.

Пол го отвори мечот со брејк, кој лесно го потврди, а самиот спаси брејк топка во четвртиот гем.

При резултат 4:2 направи нов брејк, на што веднаш возврати Алкарас, но тоа не му помогна.

Американецот ја задржа предноста од еден брејк и поведе против индиспонираниот Шпанец.

Алкараз одговори и во вториот сет направи клучен брејк во седмиот гем, што на крајот му донесе израмнување. Сепак, мораше да работи напорно за да го потврди брејкот, бидејќи спаси три брејк топки.

Во решавачкиот сет направи премногу грешки, двојни грешки, неконтролирани бекхенд удари, кои ги искористи Пол.

Клучниот брејк го направи во шестиот гем, го одржа до крајот и дојде до победата.

Негов следен ривал ќе биде Јаник Синер од Италија. Во второто полуфинале ќе играат Алехандро Давидович Фокина и Алекс Де Минор.

 

Младиот Шпанец со своето однесување на централниот терен ја запрепасти публиката која не беше навикната да го гледа во толку негативно светло.

Алкараз не успеа да ги контролира емоциите на крајот од првиот загубен сет, кога го фрли рекетот кон својата клупа, но тој не беше ни предупреден за таа реакција, па подоцна и ја шутна топката.