Шкупи „се снајде“ со стадион за да го пречека Вардар

И по четири одиграни кола во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига, тимот на Шкупи и натаму нема да настапува на својот стадион во Чаир. Но, за разлика од ситуацијата со Силекс, овојпат чаирчани нема да претрпат службен пораз, бидејќи најдоа алтернатива, натпреварот против Вардар ќе се одигра во Струмица, потврди клубот преку социјалните мрежи.
Веќе е познато дека Шкупи не создае услови за ВАР технологијата која се користи сезонава во македонскиот фудбал, па поради тоа ФФМ не дозволува да играат натпевари во Чаир.
Од Клубот претходно најавија дека активно работат на подобрување на условите за ВАР, со надеж дека ќе се вратат во Чаир веќе за овој натпревар, но тоа сепак не се реализира.
Дополнителна загриженост изразија и од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), откако на неодамнешната инспекција на стадионот не се појавил ниту еден клупски претставник, а присутни биле само членовите на навивачката група „Шверцери“.
Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар, кој го отвора четвртото коло во ПМФЛ, е закажан за утре од 16:30.