Шкендија шансата во ЛШ ќе ја бара на реваншот со Карабах во Баку


Фудбалерите на македонскиот шампион Шкендија вечерва доживеаја минимален пораз од 1:0 од Карабах во првиот натпревар од третото квалификациско коло од Лигата на шампионите. Во изедначен натпревар едиствениот гол првакот на Азербајџан го постигна од пенал во 18.минута.

При една интервенција Вебстер направи фаул на линијата од шеснаесетникот и по прегледувањето на ВАР снимката судијата Иван Кружлиак ја промени одлуката и наместо слободен удар гостите изведоа пенал.

Сигурен реализатор беше Турал Бајрамов. Тоа беше и единствениот гол на натпреварот.

Двете екипи имаа неколку шанси, но голманите на двата тима Бабукар Гаје (Шкендија) и Матеиш Кохалски (Карабах) беа на висина на задачата и не дозволија нов гол.

Реванш натпреварот се игра на 12.август во Баку.