Шилегов: Треба референдум за Универзална сала
![](https://nezavisen.mk/wp-content/uploads/2019/05/Univerzalna-sala-1-bg_resize.jpg)
Референдум на кој граѓаните ќе одлучат што да се прави со објектот на Универзалната сала во Скопје, е една од опциите кои ги најави градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, на денешниот брифинг.
– Нема донесено конечна одлука за Универзалната сала. Првата опција е изградба на нова Универзална сала на постојната локација, втората е изградба на нова локација, и третата реконструкција. Мое мислење е дека најпосакувано решение за Универзална е реставрација, целосно обновување на салата, како и изградба на нова сала на нова локација – рече Шилегов.
Во однос на евентуалните нови локации, Шилегов рече дека е рано да се зборува за тоа но како опции за нова локација ги спомена спортската сала Борис Трајковски, односно изградба на друга сала до неа и оранжериите паркови и зеленило на самиот влез од Градски парк.
Градоначалникот на Скопје смета дека за Универзалната сала треба да има референдум на кои граѓаните ќе одлучат што ќе се прави.