Шилегов: Сопственикот на зградата на „Пелагонија“ не назначил член во комисијата која ќе одлучи како ќе изгледа фасадата
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, вели дека имаат решение за изгледот на зградата на „Пелагонија“ во центарот на Скопје, но дека сопственикот не незначил претставник во комисијата каде ќе се одлучува за нејзиниот изглед.
Шилегов, во вестите на Сител, рече дека таа фасада долго го нагрдува градот, а од спроти е и зградата на ЕСМ, за која пак, треба да се донесе решение, како може најблиску да се врати на стариот изглед.
Смета, дека сепак, наскоро ќе го надминат проблемот и зградата на „Пелагонија“ ќе добие соодветен изглед.