Шилегов со запленетите пари од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги отстранува галиите од Вардар


Фото: Б. Грданоски

 

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов кој долго време најавува отстранување на галиите во Вардар, денеска рече дека нашол решение.

Имено, според неговите зборови, ВМРО- ДПМНЕ е најбогата партија во Европа, а со нивните пари, откако ќе им биде запленет имотот, ќе ги обештетат сопствениците на галиите во Вардар, а потоа ќе ги отстранат од речното корито.

Оваа негова изјава е реакција на новинарско прашање, дали Градот добил дозвола за чистење на речното корито на Вардар кај хотел „Русија“, по што одговори дека тоа е редовна активност, и за тоа не треба дозвола.

-Требаше од Министерството за животна средина да спречат градење на галиите во Вардар, а не сега да се занимаваат со редовните активности на Градот, рече Шилегов.