Шилегов: Може да живееме и без автомобили
Со цел промоција на велосипедизмот и алтернативниот транспорт, без автомобили, днееска 12 часа е затворена конекторската улица „Васко Карангелески“ во Аеродром, каде бројни велосипедисти возеа трека, а за најмладите беа организирани повеќе активности.
– На оваа улица во Аеродром ќе имаме затворен сообраќај за автомобили во тек на 12 часа, со цел на корисниците на алтернативен сообраќај, велосипедисти кои ќе имате прилика да ги видите тука, меѓутоа и децата, да им дадеме можност да имаат еден простор ослободен од возила. Целта на оваа акција, прва надвор од Европската недела за урбана мобилнсот, е граѓаните да можат да видат дека можеме да живееме без автомобили и да го стимулираме алтернативниот начин на транспорт – порача градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.
Тој реле дека тоа е нешто што го работат минативе 3,5 години, надминати се 100 километри добро организирани и средени велосипедски патеки.
– Такво нешто ќе се случува и на оваа улица „Васко Карангелески“ со нејзината реконструкција која ќе биде спојка за граѓаните од Лисиче со новиот мост, како за автомобили, така и со велосипедски патеки. Знаете дека сме на крај на Бас рапид транзиотот и тоа се мерки кои Градот ги презема со цел да ги замениме индивидуалните автомобили како начин на движење на луѓето во урбаната заедница, со цел да го намалиме и хаосот во сообраќајот и да ја заштитиме околината и да ги навикнеме луѓето на здрав живот – додаде градоначалникот Шилегов.
Тој рече дека од тука до Аеродром може побрзо да се стигне со велосипед отколку со автомобил, а е безбедно, затоа што има велосипедски патеки.
Сето ова е во рамките на зелениот акционен план на градот кој веќе втора година се имплементира, а има влијание и во однос на помала загаденост на воздухот.
Оваа акција се спроведува по идеја на неформалното здружение „На точак“.
Според градоначалникот Шилегов во градот Скопје има добра основа за велосипедистите, со оглед на тоа што се изградени уште 60-тина километри велосипедски патеки, но вели секогаш има можност за подобрување во однос на подлогата на патеките.
Шилегов најави и дека целосно ќе се затвори Малиот ринг во Центар за сообраќај, со имплементација на Бас рапид транзитот.
– Низ Малиот ринг ќе биде дозволено движење само на возилата од Бас рапид транзитот, противпожарните и амбулантските возила, а останатиот вид сообраќај ќе мора да се дисперзира, по средниот сообраќаен ринг – рече Шилегов.
Тој вели дека мора прво да се понуди секундарната сообраќајна мрежа која би ги прифатила возилата од центарот, за да може тој да се затвори, а очекува тоа да се случи кон крајот на 2023 година.
Со тоа, Скопје можеби ќе ја добие најголемата пешачка зона од стара железничка до Бит пазар и од СОбрание до „Ловец“.