Шест тинејџерки обвинети за убиство на 59-годишен маж во Торонто
Шест тинејџерки на возраст од 13 до 16 години се обвинети за убиство на 59-годишен маж кој живеел во прифатилиште за бездомници, соопшти денеска полицијата во Торонто.
Тинејџерките убиството го извршиле со ножеви, јави Би-Би-Си. Девојките биле уапсени веднаш по убиството. Тинејџерките се здружиле преку социјалните мрежи, а три од нив веќе и се познати на полицијата.
Градоначалникот на Торонто, Џон Тори изјави дека е „длабоко вознемирен“ од убиството, особено од возраста на девојките кои го извршиле злосторството.