Шеснаесет средношколци со образовни асистенти во новата учебна година
Услугата од асистентите е бесплатна за родителите кои дале согласност да се вклучат во проектот. Дел од средствата се обезбедени преку програмата Општинско – корисна работа, а дел се од Буџетот на градот.
Месечниот надомест за асистентите изнесува нето 9.000 денари, а за нив град Скопје обезбедува и бесплатен јавен превоз кој ќе можат да го користат за време на ангажманот.
Ангажирањето образовни асистенти во средните училишта е продолжување на праксата од минатата година кога Град Скопје првпат ја реализираше таа активност. – Потребата од повторно ангажирање стручен кадар кој ќе помага на средношколците за време на наставата се должи на позитивното искуство од претходната година и постигнатиот успех на учениците кои ја користеа услугата. Во таа насока, минатата година Град Скопје првпат додели награда за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузијата на ученичка од четврта година во гимназијата „Никола Карев“, која користеше услуга од образовен асистент и постигна одличен успех во последната година од образованието, се вели во соопштението.