Шенген режимот падна во Бугарија, граничниот премин со Романија стана историја
Бугарија од денес е дел од Шенген зоната на Европската унија. На пунктот „Кулата“ цариниците симболично ја подигнаа бариерата, по што заедно се фотографираа со вработените во граничната полиција и царината. Првиот минувач Георги Манов од Петрич го изрази своето задоволство што сега е многу лесно да се помине и долгите редици ќе останат во историјата.
Вработените во граничната полиција на првите случајни минувачи – два автомобили и камион – им подариле масло од роза.Камионот влегол без да застане за да се царини.Та ка, минато остана граничниот премин Кулата-Промахон, познат по огромните редици особено во летниот период.
Бугарија конечно влезе во Шенген, правејќи го претпоследниот чекор кон целосна интеграција во Европската унија. Бугарските граѓани и бизниси од денеска повеќе нема да се редат на границите.Историската одлука за конечно прифаќање беше донесена на Советот на Европската Унија на 12 декември 2024 година. Заедно со Бугарија влезе и Романија.
По влегувањето на Бугарија во зоната на слободно движење на луѓе и стоки, веќе нема да се вршат проверки на границите. Со тоа ќе се стави крај на бескрајните редици кои толку ги попречуваа бизнисмените и граѓаните да патуваат слободно. Кабините на граничните премини каде се проверуваа личните документи ќе се испразнат и без застанување ќе се поминува. Проверките ќе се вршат само по случаен избор и врз основа на прелиминарна анализа на ризик.
Патот на Бугарија и Романија кон Шенген траеше 13 години. Иако двете земји веќе ги исполнија техничките услови пред многу години, Холандија и Австрија ги запрес двете земји ставајќи им вето.Големиот пробив дојде на крајот на 2023 година, кога беше одлучено да се подигне Шенген границата по воздушен и воден пат. Есента истата година, Виена се откажа и од своите последни услови, што го овозможи влезот на Софија и Букурешт во овој граничен режим.
Економскиот и психолошкиот ефект од членството на Бугарија и Романија во зоната на слободното движење е неоспорен и тоа многу брзо ќе го почувствуваат сите. Во исто време, одговорноста на Бугарија за безбедноста на Обединета Европа исто така се зголемува, бидејќи станува копнена порта за земјите од Блискиот Исток, Азија и Африка, пишув БГНЕС.