Шекеринска: Треба да произведуваме повеќе оружје


„Треба да произведуваме повеќе и насекаде“, порача заменик-генералниот секретар на НАТО
Радмила Шекеринска, на безбедносната конференција во Минхен, на дебатата за одбраната на Европа. Таа вели дека на последниот самит на НАТО во Хаг е договорено не само зголемување на трошоците за одбрана, туку и зголемување на сопственото производство.

„ Треба да произведуваме повеќе и треба да произведуваме повеќе насекаде. Ни треба повеќе европско производство, ни треба и повеќе производство од страна на САД.

Ако ги погледнете бројките, а особено ако ги погледнете бројките за клучните капацитети, кои се итни во Украина, како што е воздушната одбрана, немаме доволно, точка“, рече Шекеринска.

Таа додаде:

„За жал, поголемиот дел од нашите залихи не се на ниво на задачата. Отидовме во индустријата, … и единственото место каде што овие можности беа достапни беше во американските залихи.Неодамна бев во Норвешка, посетив компанија која го врши целиот свој извоз во САД, а потоа САД имаат дополнително производство и многу европски земји го купуваат.Ова се врските што ги развија одбранбените компании. Ако се обидеме да ги демонтираме, ќе завршиме послаби, а не посилни, па повикот на самитот во Анкара ќе биде дека треба да произведуваме повеќе и за ова ни треба подобра регулатива, ни требаат побрзи процеси. Токму тука се фокусира НАТО на тоа како да направиме стандарди за интероперабилност.“

Таа се надовза на обраќањето на францускиот министер за Европа, Бенјамин Хадад, кој не беше импресиониран од говорот на американскиот државен секретар Марк Рубио  бидејќи според него не го менува фактот дека Европа треба да се потпира на своите капацитети.

Зголемувањето на трошоците за одбрана за купување во странство „нема смисла“, оцени Хадид додавајќи дека се  залага за „европски преференции“ во купувањата околу одбраната, бидејќи тоа го налага „здравиот разум“.

Тој вели дека кога ги зголемувате буџетите за одбрана – честопати со намалување на други трошоци – не можете потоа да ги потрошите парите во странство за „субвенционирање на фабрика во Кентаки“ во САД.„Ова  нема смисла“, вели тој.

Тој вели дека станува збор и за контрола на употребата, извозот и технолошкото знаење што доаѓа со набавките.

„Знаеме дека кога купувате оружје од друга област, тоа доаѓа со услови. Доаѓа со [некои] ситни букви за тоа како и кога можете да го користите. Значи, сето ова е апсолутно критично.“